Наполи веднаш го пријави Елмас за ЛШ, познат бројот кој ќе го носи

September 3, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Наполи веднаш го пријави Елмас за ЛШ, познат бројот кој ќе го носи

Елиф Елмас по кратката и неуспешна авантура во Лајпциг се врати во клубот каде што постигна најголем успех во досегашната кариера – Наполи. Македонскиот репрезентативец повторно ќе го носи дресот на тимот со кој пред две сезони стана шампион на Италија. Елмас јасно изрази желба што е можно побрзо да го напушти Лајпциг, каде што не доби посакувана минутажа и не успеа да се наметне. Наполи ја искористи ситуацијата и го врати играчот кој веќе добро ја познава атмосферата на „Диего Армандо Марадона“. Фудбалерот ги помина медицинските прегледи и беше официјално претставен како ново засилување. Тренерот на Наполи, Антонио Конте, веднаш стави до знаење дека смета на Елмас, пријавувајќи го во составот за лигашката фаза од Лигата на шампионите. Во новата сезона Елмас ќе го носи дресот со бројот 20. Во претходниот негов период во Наполи, македонскиот фудбалер настапуваше со бројот 12, а подоцна и со легендарната седумка. Овојпат избра нов број, кој треба да го следи во неговото второ поглавје во дресот на клубот од Неапол.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.