September 10, 2025 | | Свет
Елиф Елмас повторно е дел од Наполи и подготвен е за нов почеток под водство на Антонио Конте. Македонскиот репрезентативец, кој пред паузата за националните тимови го комплетираше својот кам-бек во Неапол, веќе тренира со соиграчите и се очекува наскоро да го забележи своето ново деби. Италијанските медиуми пишуваат дека Елмас изгледа мотивирано и со насмевка, а Конте планира да ја искористи неговата најголема предност – разновидноста. Македонецот може да покрие неколку позиции во средниот ред, што му дава голема тактичка слобода на тренерот. Елмас во репрезентативниот дрес уште еднаш покажа од што е способен. Против Лихтенштајн беше стрелец на еден од головите на Македонија, постигнат по фантастична соло-акција која го врати неговото самодоверба на високо ниво.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |