Настапуваше во Премиер лигата, а сега работи за неделна плата од 400 евра!

January 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Настапуваше во Премиер лигата, а сега работи за неделна плата од 400 евра!

Некогашна фудбалска ѕвезда на Њукасл, Сами Амеоби, денес е далеку од славата и милионите што ги заработуваше на зелените терени. На 32 години, тој работи како чирак, со плата од само 420 евра неделно – износ што е дури 26 пати помал од неговите заработки како професионален фудбалер. Амеоби ја започна кариерата во родниот Њукасл, каде што помина седум години и собра милиони кои, очигледно, брзо ги потрошил. За време на кариерата, тој запиша 53 настапи во Премиер лигата и дополнителни 191 во Чемпионшип. Исто така, беше дел од младинските репрезентации на Англија и Нигерија, земјата од која потекнуваат неговите родители. Неговото име неодамна се најде во насловите на медиумите откако се појави во судот во Честер. Амеоби се изјасни за виновен за инцидент што се случил на 12 ноември минатата година, кога удрил девојка и не запрел на местото на настанот.

„Очигледно беше погрешно тоа што го направив. Беше целосно некоректно, но се испаничив и не знаев како да реагирам“, изјави тој пред судот.
Животот на Амеоби денес е потсетник за тоа како славата и богатството можат да бидат краткотрајни, а одлуките по завршувањето на кариерата може да го променат текот на животот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.