October 27, 2024 | | Свет
Натпревар кој долго ќе се памети одиграа Интер и Јувентус при што конечниот резултат беше 4-4. Вкупно паднаа осум голови од кои дури пет во првото полувреме. Шансите кои доомаќините ги пропуштија беа казнети од талентираниот Јилдиз кој постигна два гола со што обезбеди бод за својот тим. Прв поведе Интер во 15. минута преку Зиелински од белата точка, а по само пет минути возврати Влаховиќ. Во 27. минута следуваше пресврт на Јувентус каде стрелец беше Веа по одличниот продор на Консеисао. Но, осум минути подоцна Микитаријан со послабата лева нога прекрасно погоди, а две минути подоцна, имаше нов пенал за домаќините каде по втор пат сигурен беше Зиелински. Во вториот дел Дамфрис поведе на 4-2 во 53. минута и кога сите помислија дека Интер ќе слави во овој тежок дуел, тука беше Јилдиз кој постигна два гола, првиот во 71. минута, а вториот во 82. минута со што ги постави конечните 4-4. Наполи сега има 22 бода, Интер е втор со 18, а на третата позиција се наоѓа Јувентус со 17.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |