Натпревар за заборав на Салах: Одамна немал вакви лоши бројки

March 6, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Натпревар за заборав на Салах: Одамна немал вакви лоши бројки

Мохамед Салах оваа сезона блеска и е еден од главните кандидати за Златната топка, но натпреварот против ПСЖ покажа дека и тој знае да има лоши денови. На „Паркот на принцовите“, ѕвездата на Ливерпул беше целосно неутрализирана. Неговата статистика беше исполнета со „нули“, а играта далеку од неговото вообичаено ниво. Иако сезонава има 30 гола и 22 асистенции на 40 натпревари, Салах беше заменет во 86. минута, откако речиси и не остави трага на теренот. Тој ја имаше топката во свој посед 41 пат и оствари 19 додавања, но ниту едно не беше клучно за создавање шанса. Двата центаршута беа непрецизни, не се обиде ниту еднаш да шутира кон голот, а неговиот учинок во дуелите беше особено разочарувачки.

Во сите четири обиди за дриблинг ја загуби топката, а не успеа да добие ниту еден од осумте дуели со противниците. Вкупно 16 пати ја загуби топката, а најголемата пречка за него беше Нуно Мендес, кој целосно го неутрализираше Египќанецот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.