Натпреварот Реал – Јувентус во опасност: Грмотевици можат да го одложат дуелот!

July 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Натпреварот Реал – Јувентус во опасност: Грмотевици можат да го одложат дуелот!

Осминафиналниот мегадуел на Светското клупско првенство меѓу Реал Мадрид и Јувентус, кој вечерва треба да се одигра со почеток од 21 часот на „Хард Рок“ стадионот во Мајами, е под сериозна закана од невреме со силни врнежи и грмежи. Според американската метеоролошка служба, најлошите временски услови се очекуваат токму во периодот околу почетокот на натпреварот. Организаторите се на штрек и подготвени да ги применат строгите безбедносни протоколи – секој детектиран гром во радиус од 13 километри носи минимум 30 минути прекин, кој се продолжува со секој нов удар. Сценарио со долг прекин не е исклучено – слично како неодамна меѓу Челси и Бенфика, кога мечот беше паузиран цели два часа поради идентични временски услови.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.