Навас ја „закачи“ Барселона: Ако ме повикаше Перез, а не тие, пливајќи ќе дојдев до Мадрид!

April 25, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Навас ја „закачи“ Барселона: Ако ме повикаше Перез, а не тие, пливајќи ќе дојдев до Мадрид!

Поранешниот чувар на мрежата на Реал Мадрид, Кејлор Навас, откри интересна епизода од својата кариера. Имено, Барселона била заинтересирана да го доведе, но тој без двоумење ја одбил понудата. Костариканскиот голман, кој пет години го носеше дресот на „кралевите“, потенцира дека никогаш не се гледал во боите на „сини-гранатот“, иако интересот од Барселона го смета за признание. „Да, мојот агент беше контактиран од Барса. Но јас се чувствувам како човек што секогаш припаѓал на белата страна на Мадрид. Доколку Флорентино Перез ме побараше, ќе дојдев пливајќи назад во Реал“, изјави Навас со насмевка, индиректно иронизирајќи ги Каталонците. Барселона на крајот го ангажираше Војчех Шчесни, но Навас јасно стави до знаење дека трансфер во редовите на најголемиот ривал никогаш не би го прифатил. На прашањето дали самиот посакал да го напушти Реал Мадрид, Навас одговори со драматичен тон. „Сакав да си заминам, исто колку што сакам да умрам.“ Со таа изјава јасно го потврди своето силно чувство на припадност кон мадридскиот гигант. Преку својата богата кариера, Навас го бранел и голот на Саприса, Албасете, Леванте, ПСЖ, Нотингем Форест, а сега настапува за аргентинскиот Њуелс Олд Бојс.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.