Навивач на Барселона потроши 8.000 евра на дресови! (ВИДЕО)

October 20, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Навивач на Барселона потроши 8.000 евра на дресови! (ВИДЕО)

Навивач на Барселона реши да потроши дури 8.000 евра на дресови. Тој купил 20 дресови кои се во ограничен број. Станува збор за дресовите со логото на бендот „Coldplay“, дресови кои фудбалерите на Барселона ќе ги носат на Ел Класико наредниот викенд. Во продажба се пуштени само 1899 од овие дресови, број кој ја означува годината на формирањето на клубот. Еден дрес чини 400 евра, а сега се шпекулира дека истиот навивач ќе ги продаде и ќе заработи минимум дупло. Кога навивачот ги зеде дресовите, вработените му пристапија и го прашаа дали навистина планира да ги купи сите, по што тој ја потврди неговата намера, а потоа се врати и зеде уште неколку артикли од фан-шопот. Сите пари кои клубот ќе ги собере од продажба на овие дресови ќе ги донира во хумантирани цели за проекти за помош на бегалците.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.