Навивач трчаше по автобусот, Мурињо го пушти внатре (ВИДЕО)

February 10, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Навивач трчаше по автобусот, Мурињо го пушти внатре (ВИДЕО)

Навивачот на Фенербахче доби незаборавно искуство благодарение на Жозе Мурињо, кој му дозволи да влезе во тимскиот автобус и да ги запознае сите фудбалери. Сѐ започна кога младиот фан трчаше по автобусот со крената рака, а „Специјалниот“ забележа и одлучи да му ја исполни желбата. Го повика внатре, каде што го замоли да ја испее својата омилена песна за клубот, по што му овозможи да се фотографира со играчите. Навивачот посебно се воодушеви кога го запозна Себастијан Шимански, а имаше можност да разговара и со други ѕвезди како Един Џеко, Чаглар Сојунџу и Софијан Амрабат. Мурињо не застана тука – му понуди и ручек со тимот, што беше остварување на сонот за младиот фан. Фенербахче го победи Аланијаспор со 2-0, намалувајќи ја бодовната разлика зад Галатасарај, кој вчера беше дел од контроверзен меч што заврши со предвремено напуштање на теренот од страна на Адана Демирспор.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.