Навивачите го прашаа Винисиус „Каде е златната топка“, а тој вешто им одговори

February 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Навивачите го прашаа Винисиус „Каде е златната топка“, а тој вешто им одговори

Навивачите на Манчестер Сити уште пред почетокот на натпреварот го испровоцираа Винисиус Жуниор со транспарент на кој Родри ја бакнува Златната топка, а под него беа испишани стихови од песна на Oasis: „Престани да плачеш толку“. Англискиот клуб на социјалните мрежи објави неколку фотографии од пристигнувањето на Реал Мадрид, а на една од нив јасно се гледа Винисиус како поминува покрај голем плакат со ликот на Родри и престижната награда. „Го забележав транспарентот од навивачите на Сити и тоа ме мотивираше уште повеќе. Секогаш кога противничките фанови ќе направат нешто слично, добивам дополнителен поттик да играм подобро. Тие добро знаат каква историја имаме во ова натпреварување и што сме постигнале“, изјави бразилскиот ас. Винисиус беше прогласен за играч на мечот, откако асистираше за победничкиот гол на Белингам, а и при неговиот удар за 2:2, Диаз ја затресе мрежата. Што се однесува до неговата иднина, Бразилецот кратко проговори. „Не знам ништо, никој не зборувал со мене. Ќе треба да разговарам со претседателот и се надевам дека ќе останам тука“, додаде тој.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.