Навивачите на Барселона удрија по Тер Штеген: Беше крив, а го обвини и соиграчот!

September 20, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Навивачите на Барселона удрија по Тер Штеген: Беше крив, а го обвини и соиграчот!

Тер Штеген вчера го имаше еден од најлошите натпревари во дресот на Барселона. Најпрво, во 10. минута даде погрешен пас до Ерик Гарсија кој ја загуби топката па направи црвен картон по што Каталонците играа со играч помалку цел натпревар. На социјалните мрежи се појави слика на која може да се види дека во моментот на подавањето, Тер Штеген имал двајца слободни играчи на кои можел да ја додаде топката, а сепак тој се реши за Гарсија.

Тој имаше и неколку ужасни интеревенции. Сепак, по натпреварот тој даде изјава каде се виде дека самиот не се смета за виновен, туку вината ја препиша и на Гарсија.

„Не се разбравме најдобро, се случи нешто што не требаше, но таков е фудбалот. Со десет играчи на теренот одигравме храбро“, изјави германскиот голман.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.