Навивачите на Јагелонија го повикаа Чурлинов назад во клубот (ВИДЕО)

August 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Навивачите на Јагелонија го повикаа Чурлинов назад во клубот (ВИДЕО)

Полскиот клуб Јагелонија синоќа со убедливи 3-0 го совлада Динамо Тирана во првиот плејоф натпревар за пласман во групната фаза на Конференциската лига, но вниманието не беше насочено само кон резултатот. Во текот на натпреварот, навивачите на Јагелонија извикуваа „Дарко Чурлинов“ и покажаа голем банер посветен на македонскиот репрезентативец, со јасна порака – да се врати во клубот. Чурлинов минатата сезона настапуваше како позајмен играч од Барнли, а со своите игри остави силен впечаток кај публиката во Бјалисток. Претседателот на клубот веќе потврди дека е во постојан контакт со него и дека постои заедничка желба повторно да соработуваат. Иако иднината на Чурлинов сè уште е неизвесна, шансите за негово враќање во Јагелонија изгледаат многу реални, особено со оглед на поддршката од навивачите и интересот на управата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.