Навивачите на Ливерпул го тролаа Пеп, тој ги потсети за освоените титули! (ВИДЕО)

December 1, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Навивачите на Ливерпул го тролаа Пеп, тој ги потсети за освоените титули! (ВИДЕО)

Манчестер Сити се наоѓа во својата најтешка резултатска криза во последната деценија, а за Пеп Гвардиола, ова е најголем предизвик во неговата тренерска кариера. Шест порази и само еден реми во последните седум натпревари – ова е алармантен показател за сериозната форма на тимот, кој во моментов ја игра најлошата серија по долго време. Денес, Сити го претрпе уште еден удар, ова пат на гостувањето кај Ливерпул, кој победи со 2-0. „Црвените“ доминираа на теренот и многумина сметаат дека можеле да дадат и пет или шест голови, но и тоа не беше крајот на изненадувањата. Во моментите кога дербито веќе беше решено, навивачите на Ливерпул не пропуштија шанса да се потсмеваат со Пеп Гвардиола. Фановите на Ливерпул составија нова песна, со која му се потсмеваа на тренерот на Сити, пеејќи му дека ќе биде отпуштен утре наутро. Но, Гвардиола, познат по својот самодоверлив карактер, не остана должен. Со насмевка на лицето, Пеп им го покажа бројот „шест“ на навивачите на Ливерпул, потсетувајќи ги на бројот на титули што Сити ги освои во последните седум години во Премиер лигата. Во моментите кога го напушташе теренот, Гвардиола уште еднаш го повтори истиот потег каде го покажа бројот шест, што наводно го испрати како жесток одговор на ироничните песни на „Енфилд Роуд“. Сити можеби ја доживува најтешката криза во последните години, но Гвардиола, и покрај се, останува не само лидер на својот тим, туку и со смиреност и достоинство ги брани своите успеси.

 
View this post on Instagram
 

A post shared by Men in Blazers (@meninblazers)

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.