October 11, 2024 | | Свет
По заминувањето од Ливерпул, Јирген Клоп го најде и првиот ангажман и истиот ќе го започне во 2025 година.Тој ќе биде одговорен или глобален шеф на тимовите по покривителство на компанијата Ред Бул. Зборувајќи за деталите, новинарот Флоријан Плетенберг рече дека улогата на Клоп ќе биде да ги советува сите клубови под капата на Ред Бул (Салцбург, Лајпциг, Њујорк и бразилски Брагантино) по голем број на прашања како филозофија на игра, трансфери, тренери, развој и младинска школа. Исто така, во договорот има и клаузула со која може да ја напушти новата работа за во иднина потенцијално да стане селектор на германската репрезентација, која моментално ја води Јулијан Нагелсман. Но, според последните информации, ваквиот ангажман Клоп го договорил уште пред две години. Како што пренесува германскиот „Münchner Merkur“, уште во септември 2022 година Клоп имал состанок со сега починатиот австриски бизнисмен, Дитрих Матешиц каде се договориле дека од 2025 година Клоп ќе ја врши оваа функција. Тој во 2022 година го продолжи договорот со Ливерпул до летото 2026 година, но очигледно Германецот имал други планови кои биле претходно договорени.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |