Навивачите на Милан во знак на протест во сабота ќе го напуштат „Сан Сиро“

May 21, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Навивачите на Милан во знак на протест во сабота ќе го напуштат „Сан Сиро“

Навивачите на Милан, предводени од ултрас групата „Курва Суд“, најавија драматичен протест на последниот натпревар од сезоната против Монца, кој ќе се игра оваа сабота на „Сан Сиро“. Тие ќе го напуштат стадионот по само 15 минути игра, во знак на незадоволство од ситуацијата во клубот. Во официјалното соопштение се наведува: „Ќе пешачиме од ’Каса Милан’ до ’Сан Сиро’, каде што ќе ги поминеме првите 15 минути. Сакаме нашите гласови да бидат слушнати. После тоа, ќе ги оставиме играчите и администрацијата, нека бидат сами во својот срам. Со почит кон сите, покануваме што е можно повеќе навивачи да се соберат оваа сабота.“ Навивачите се длабоко разочарани поради катастрофалната сезона, во која Милан со поразот од Рома (3:1) и официјално ги изгуби шансите за учество во европските купови следната сезона. Ова ќе биде првиот пат од 2019/2020 Милан да не игра во Европа. Критиките се насочени кон управата, посебно кон директорот Гери Кардинале, како и кон спортските одлуки – вклучувајќи го отпуштањето на Пауло Фонсека и ангажманот на Сержо Консеисао, што според навивачите, не придонесе за напредок. Иако Милан оваа сезона го освои Суперкупот на Италија, тоа не беше доволно да се ублажи гневот на навивачите, кои бараат длабоки промени и посериозна визија за иднината на клубот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.