September 23, 2024 | | Свет
Барселона се најде во огромен проблем бидејќи Тер Штеген доживеа ужасна повреда на коленото и сезоната за него е најверојатно завршена, иако тој лично инсистирал да се врати во мај. Тимот од Каталонија има неколку опции од оние голмани кои се искусни и кои во моментов се без клуб. Се спомнуваат имиња како Шчесни кој е во пензија, исто така и Клаудио Браво е во пензија, но јавно понуди да се врати во Барса, а на големо се зборува и за поранешниот голман на Реал Мадрид, Кејлор Навас. Според информациите на „Mundo Deportivo“, тој бил отворен за ваквиот трансфер и чека да ги слушне деталите од Барселона ако тие се одлучат да тргнат по него. Важен податок е и фактот што негов агент е Хорхе Мендеш кој има одлични односи со Лапорта со кого имаат работено на многу операции.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |