May 7, 2025 | | Свет
За навивачите на Барселона, вчерашниот ден ќе остане запаметен како еден од најтешките во поновата историја на клубот. Во рок од неколку часа, „блауграна“ беше елиминирана од двете најпрестижни европски натпреварувања – Лигата на шампионите и Евролигата, и тоа на особено болен начин. Најпрво, кошаркарскиот тим на Барселона загуби во драматична завршница против Монако и остана без место на Фајнал Фор. Тоа беше само најава за уште поголем удар – фудбалскиот тим на Флик падна на „Џузепе Меаца“ во полуфиналето против Интер. Иако Каталонците имаа водство од 3:2 до 93-тата минута, италијанскиот клуб направи спектакуларен пресврт и ги елиминираше Барселона по продолженијата со 4:3. Додека навивачите на Барса ја преболуваат двојната елиминација, најмногу уживаа оние на Реал Мадрид. Иако „кралскиот клуб“ и сам веќе отпадна од Европа и во фудбал и во кошарка, нивните фанови не ја пропуштија шансата да се потсмеваат на ривалот. Утринскиот тренинг на Реал донесе изненадување – во тренинг-кампот беа истакнати транспаренти и навивачки реквизити со јасни пораки. Знамиња на Интер, дресови, шалови и транспаренти со натписи како: „Благодариме Интер“, „Напред Монако“, „Кралеви на Европа“, го претворија теренот во сцена на навивачка иронична прослава.
😱 “Forza Inter” “Merci Mónaco”, pancartas de hoy vistas en Valdebebas #RealMadrid 📲 @javiermansan pic.twitter.com/6begLWlbLY
— MARCA (@marca) May 7, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |