Навивачот кој чека пет победи по ред на Јунајтед за да се шиша нападнат од друг „ѓавол“ (ВИДЕО)

September 21, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Навивачот кој чека пет победи по ред на Јунајтед за да се шиша нападнат од друг „ѓавол“ (ВИДЕО)

Англискиот инфлуенсер Френк Илет доживеа несекојдневна и непријатна ситуација пред Олд Трафорд, откако стана жртва на напад од навивач на Манчестер Јунајтед по натпреварот против Челси. По триумфот на „црвените ѓаволи“ со 2-1 над лондонскиот ривал, Илет, кој стана вирален поради својот необичен завет – дека нема да ја шиша косата сè додека Јунајтед не врзе пет победи по ред – беше физички нападнат од еден агресивен фан. Имено, навивач го зграпчил Илет за коса и почнал да го влече, извикувајќи дека ќе прави што сака и обвинувајќи го инфлуенсерот дека не го поддржува вистински клубот. Ситуацијата можела да заврши многу полошо, но други присутни брзо реагирале и го извлекле Илет од нападот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.