Не ги сака парите од Саудиска Арабија: Дибала одби 75 милиони евра за да остане во Рома!

August 22, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Не ги сака парите од Саудиска Арабија: Дибала одби 75 милиони евра за да остане во Рома!

Фабрицио Романо донесе ексклузивна информација поврзана со Пауло Дибала кој реши да остане во Рома и да го одбие тимот на Ал-Кадсиах. Аргентинецот решил да одбие неверојани 75 милиони евра кои му беа понудени да ги заработи за три години во тимот од Саудиска Арабија. Негова била желбата да остане во Рома, а после ова постојат шанси и да се разговара за нов договор бидејќи моменталниот му истекува наредното лето. Во моментално Дибала според Transfermarkt вреди 20 милиони евра, а во 2018 година вредеше неверојатни 110 милиони евра. Повредите го спречија Аргентинецот да постигне повеќе во фудбалот, но тој и натаму остана класа играч кој сам може да реши натпревар.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.