Не го може тоа секој: Газдата на Челси си продава хотели сам на себе за да не биде казнет!

September 4, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Не го може тоа секој: Газдата на Челси си продава хотели сам на себе за да не биде казнет!

Тое Боели продолжува да привлекува внимание како мнозински сопственик на Челси. Иако на многумина им е чудно како Челси успева да помине без казна поради евентуално прекршување на Финансискиот Фер Плеј, сепак тие имаат интересна, но многу ризична стратегија за тоа. Тим им даваат долги договори на фудбалерите каде сумата за трансферот е поделена на седум, осум, па и девет години, онолку колку што најчесто имаат талентираните играчи во клубот од Лондон, па така тие успеваат да поминат без казна бидејќи гледано година по година, трошоците за еден фудбалер се мали. Што се однесува пак до избегнување на казни, Боели направи уште една зделка со која успеа да одбегне потенцијална казна. Имено, Боели продаде два хотели на неговите две сестрински фирми каде иако беше под истрага, се утврди дека сѐ е чисто. Тој успеа да прикаже профит од преку 70 милиони евра, а тоа значи дека сега пред ФФП нема да има проблеми.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.