July 22, 2024 | | Свет
Најголемите фудбалски клубови „лудуваат“ по Флоријан Вирц кој во 2025 година скоро па сигурно ќе замине од Баер Леверкузен. За него заитересирани се Баерн Минхен, Реал Мадрид, како и Манчестер Сити. Токму клубот од Манчестер е последен кој се вклучи во борбата за Вирц, па така Гвардиола реши да ги изненади двата клуба па и тој да тргне по талентираниот Германец. Минатата сезона беше одлична за Вирц кој беше еден од клучните играчи на Чаби Алонсо. Тој ја освои Бундеслигата и Купот, а настапи и во финалето на Лига Европа. За Вирц се спомнуваат цифри од над 100 милиони евра па допрва ќе видиме каде ќе заврши.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |