Не го убедија да замине перманентно, па оди на позајмица: Барселона се „спаси“ од Французинот!

August 23, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Не го убедија да замине перманентно, па оди на позајмица: Барселона се „спаси“ од Французинот!

Барселона и ова лето се најде во огромен проблем каде мора да се ослободува од вишокот сѐ со цел да го растерети платниот буџет. Францускиот стопер Ленгле не сакаше да замине перманентно, но барем прифати да замине на позајмица во Атлетико Мадрид. Тој ќе го продолжи договорот во 2027 година, а причина за ова е неговата висока плата да биде поделена на повеќе години за во иднина да можат полесно да се ослободат од него. Атлетико Мадрид ќе го покрива поголемиот дел од платата, а Ленгле утре ќе ги помине медицинските прегледи.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.