Не можат вечно да го чекаат: Саудијците ја повлекоа понудата за Винисиус Жуниор

July 21, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Не можат вечно да го чекаат: Саудијците ја повлекоа понудата за Винисиус Жуниор

Сензационалната понуда од една милијарда евра од страна на неименуван саудиски клуб за Винисиус Жуниор е повлечена бидејќи Реал Мадрид реши да го задржи Бразилецот со кого во моментов преговара за нов договор. Бразилецот, кој има важечки договор до 2027 година, беше блиску до најголемиот трансфер во историјата на фудбалот, но инсистирањето на Реал и желбата на Винисиус да остане во Мадрид, ја ставија точката на потенцијалната зделка. Саудијците биле подготвени да платат 350 милиони евра обештетување и му нуделе договор вреден една милијарда за пет години – понуда каква што светот на фудбалот досега не видел. Во исто време, преговорите за продолжување на договорот во Реал сè уште се во застој, бидејќи Винисиус сака да стане најплатениот играч на клубот. Според шпанските медиуми, разговорите ќе се рестартираат во 2026 година. Клубот веќе му оддаде признание, ставајќи го во групата на капитени за следната сезона – зад Карвахал, Валверде и Куртоа.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.