December 31, 2024 | | Свет
Вејн Руни, кој ја заврши својата играчка кариера рано и брзо премина во тренерските води, продолжува да се соочува со предизвици во својата менаџерска кариера. Иако е најдобриот стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед, резултатите како тренер засега не се охрабрувачки. На почетокот на сезоната, Руни ја презеде функцијата главен тренер на Плимут со амбиција да постигне добри резултати во Чемпионшип, но наместо напредок, клубот доживува судбина слична на онаа што ја имаше Бирмингем под негово водство. Под водство на Руни, Плимут успеа да постигне само пет победи во 25 натпревари. Со само 18 освоени поени по 23 кола, тимот ја заврши годината на последното место на табелата, што го поттикна раководството да донесе тешка одлука – последниот ден од 2024 година да биде и последен за Руни на чело на клубот. Во соопштението на клубот, беше истакнато дека оваа промена е неопходна за доброто на тимот, додека Руни се заблагодари за шансата и поддршката од навивачите. Оваа одлука е уште еден тежок удар за тренерската кариера на Руни, кој претходно не успеа да се истакне ниту во Бирмингем, Ди-Си Јунајтед, ниту во Дерби Каунти.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |