Не направил само Диало безобразен потег: И Гарначо ги „поздрави“ фановите со среден прст! (ВИДЕО)

May 30, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Не направил само Диало безобразен потег: И Гарначо ги „поздрави“ фановите со среден прст! (ВИДЕО)

Младите ѕвезди на Манчестер Јунајтед се најдоа под зголемено внимание – но овојпат не поради играта на теренот, туку поради нивното однесување надвор од него. По срамниот пораз од тим составен од азиски полуаматери, инцидент во Малезија фрли дополнителна сенка врз настапот на „црвените ѓаволи“. На мечот против Азискиот Ол-стар тим, составен главно од фудбалери од помали држави со слаба фудбалска репутација, Манчестер Јунајтед не само што одигра лошо, туку и покажа слабости во дисциплината. Посебно се истакнаа двајца млади играчи – Амад Диало и Алехандро Гарначо. Иако фановите со ентузијазам ги пречекаа фудбалерите и се обидоа да направат фотографии и видеа, тие беа наградени со непочит. По Диало, сега и Гарначо беше снимен како им покажува среден прст на навивачите додека го напушташе теренот – потег кој предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.

 
View this post on Instagram
 

A post shared by Goal (@goal)

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.