Не се работи за Јамал или Рафиња: Се појави изненадувачки кандидат за „Златната топка“

May 8, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Не се работи за Јамал или Рафиња: Се појави изненадувачки кандидат за „Златната топка“

Во една од најнеочекуваните пресврти на фудбалската сцена сезонава, ѕвездаата на ПСЖ се наметна како водечки кандидат за „Златната топка“, откако со неверојатен индивидуален учинок ја предводеше блескавата кампања на ПСЖ. Откако Барселона се збогуваше со Лигата на шампионите, а Парижаните стигнаа до финалето, фокусот на јавноста и аналитичарите се префрли кон овој француски маестро, кој игра сезона од соништата. Со 33 голови и 13 асистенции на 46 натпревари, Дембеле ја презеде улогата на лидер и инспирација во тимот на Луис Енрике. Неговата форма во 2025 година е особено впечатлива каде статистиката вели дека речиси нема натпревар без негов белег. Тоа е причината што фудбалските аналитичари му даваат најголеми шанси за освојување на „Златната топка“, особено ако ПСЖ го подигне трофејот во Минхен на 31 мај. Иако ПСЖ доминираше на домашната сцена, токму европскиот пехар е она што би ја зацементирало позицијата на Дембеле. Во конкуренција се и други имиња, Ламин Јамал, кој како тинејџер во Барселона импресионираше со зрелост и креативност; Рафиња сезонава убедливо има најдобри бројки во ЛШ; Донарума, со неколку клучни интервенции; и Лаутаро, кој беше мотор на Интер во нокаут фазата. Мбапе, Кварацхелија, Педри и Салах, исто така, се во миксот. Се чини дека судбината на наградата ќе се одлучува токму во финалето. Ако Дембеле и ПСЖ излезат како победници против Интер, Французинот не само што ќе биде круната на еден проект, туку и новата ѕвезда на светскиот фудбалски трон.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.