Не секој сака да седне на таа клупа: Инзаги одбил да стане тренер на Јунајтед!

October 5, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Не секој сака да седне на таа клупа: Инзаги одбил да стане тренер на Јунајтед!

Иако раководството на Манчестер Јунајтед сè уште е спремно да му даде шанса на Ерик Тен Хаг, во случај да продолжат лошите резултати, ќе мора да следува промена. Затоа, клубот ги разгледува и можните опции во случај Холанѓанецот да биде отпуштен. Тен Хег имаше уште еден лош почеток на сезоната, но и покрај тоа што му беше врачен нов договор летото, можеби му истекува времето за да ја спаси својата работа. Според „SportItalia“, хиерархијата на Јунајтед му пристапила на шефот на Интер Симоне Инзаги за преземање на кормилото, но Италијанецот ја одбил таквата можност. Клубот и летото беше во потрага по нов тренер, па откако не успеаа да најдат достојна замена, продолжија со Тен Хаг. Како други кандидати за тренери се споменуваат и Масимилијано Алегри, Томас Тухел и Герет Саутгејт.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.