Не трча како за селекцијата: Де Паул го мрзеше да игра одбрана! (ВИДЕО)

August 21, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Не трча како за селекцијата: Де Паул го мрзеше да игра одбрана! (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид одигра 2:2 против Виљареал во првото коло во Ла Лига. Повторно на виделина излегоа истите проблеми за Симеоне од минатата сезона, едноставно одбраната нема цврстина и лесно прима голови. Воедно, внимание привлече и Родриго Де Паул, Аргентинецот кој очигледно не се труди толку за клубот како за селекцијата. Тој беше забележан како едноставно го остава противничкиот играч да влезе во шеснаесетникот и да се обиде да даде гол. Прилично непрофисонално однесување од страна на Аргентинецот кој за потсетување, се залага многу повеќе кога игра за неговата Аргентина.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.