October 15, 2026 | | Свет
Антонио Конте е подготвен да ја разгледа можноста да го преземе Манчестер Јунајтед доколку клубот одлучи да го отпушти Мајкл Карик, пренесува „talkSPORT“. Претставници на италијанскиот стратег веќе го известиле англискиот клуб дека Конте е отворен за оваа опција. Притисокот врз Карик расте по слабиот почеток на сезоната, во кој Јунајтед се наоѓа на 13. место со шест бода од шест натпревари и пет последователни меча без победа. Дополнителен проблем за клубот се и јавните критики на Лисандро Мартинез кон раководството и летната трансфер-политика, по поразот од Атлетико Мадрид. Покрај Конте, меѓу тренерите што се ценети како можни опции за клупата на Јунајтед се и Фабијан Хирцелер од Брајтон и Јулијан Нагелсман.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |