Нејмар ги известил соиграчите дека пак сака да игра со старите другари од Барса

December 17, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Нејмар ги известил соиграчите дека пак сака да игра со старите другари од Барса

Нејмар се мачи со повреди од неговото доаѓање во Саудиска Арабија, а неговиот престој во Ал Хилал до сега е далеку од очекуваното. Од летото 2023 година, бразилскиот напаѓач одигра само седум натпревари, што се покажа како скапо за саудиската екипа. Сега, изгледа дека разделбата со Ал Хилал станува сè поизвесна. Според информации од угледното швајцарско издание на „Sky Sport“, Нејмар веќе ги известил соиграчите и клупските челници дека го напушта клубот и дека неговата нова дестинација ќе биде Интер Мајами. Бразилецот им признал на соиграчите дека неговата иднина е во Соединетите Американски Држави, каде ќе се приклучи на веќе познатото трио „MSN“ во Мајами, повторно играјќи со Луис Суарес и Лионел Меси, со кои доминираше во Барселона. Нејмар ќе има и неколку други познати лица од Барселона во соблекувалната на Мајами, како Жорди Алба и Серхио Бускетс. Тренер на тимот ќе биде Хавиер Маскерано, а играчот неодамна купи и земјиште на брегот на Флорида, каде планира да изгради вила. Продолжувањето на договорот со Ал Хилал не е опција ниту за една од страните. За Нејмар, повредите и незадоволството од условите во Саудиска Арабија го мотивираат да ја напушти земјата и да се пресели во Мајами, додека за клубот, нема многу корист од играч кој постојано е повреден и не може да дава максимален придонес.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.