Нејмар купува приватен остров за да организира забави!

October 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Нејмар купува приватен остров за да организира забави!

Една од причините поради која Нејмар не го исполни својот потенцијал е стилот на живот кој Бразилецот го има. Тој е познат по тоа што организирал, но и бил присутен на секакви луди забави. Во однос на организирањето забави, Нејмар сега решил да купи приватен остров на кој што ќе може да прави луди забави. Имено, новинарот Лео Диас открива дека Нејмар почнал преговори за да го купи приватниот остров Јапао и истото ќе го чини околу 8,5 милиони евра. Тој најпрво ќе го изнајми островот за да се увери во него каде во периодот од 9 до 11 октомври ќе потроши 50.000 евра пред да донесе одлука дали и дефинитивно ќе го купи. Овој остров во моментов го поседува бизнисмен од Канада кој прво барал 12,5 милиони евра за него, но сега решил да ја намали цената. Островот има површина од два и пол хектари, нуди целосна приватност и удобност, а до него може да се стигне само со брод или хеликоптер.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.