Нејмар пак ги разочара Саудијците, не успеал да ги помине медицинските прегледи!

September 8, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Нејмар пак ги разочара Саудијците, не успеал да ги помине медицинските прегледи!

Нејмар поминува ужасен период откако премина во Саудиска Арабија. Минатата сезона тој го напушти ПСЖ за сума од 90 милиони евра и се пресели во Ал Хилал. Досега има одиграно само пет натпревари или вкупно 386 минути, а според договорот од две години, ќе заработи околу 300 милиони евра. Со овие одиграни пет натпревари тој заработува околу 30 милиони евра по натпревар што е неверојатен податок. Тој заработи тешка повреда каде ги оштети вкрстените лигаменти и менискусот на левото колено. Воедно, тој паднал на последните медицински прегледи каде наводно му требаат уште два месеци за да се опорави.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.