Нејмар прекина со Ал Хилал и потпиша за Сантош!

January 28, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Нејмар прекина со Ал Хилал и потпиша за Сантош!

Фабрицио Романо штотуку ја потврди информација дека Нејмар го раскинал договорот со Ал Хилал и воедно ќе потпише со неговиот клуб од детството, Сантош. Тој ќе отпатува во Бразил за медицинските прегледи каде ќе го потпише договорот со бразилскиот клуб. Токму во овој клуб своевремено Нејмар го привлече вниманието на светската јавност и на големите клубови кои своевремено се бореа за негов потпис каде на крај Барселона излезе како победник. Нејмар е дефинитивно еден од најдобрите тинејџери во историјата на овој спорт, но гледајќи ја неговата кариера, многумина сметаат дека овој бразилски бисер можеше да постигне и направи многу повеќе и да остави голем траг во фудбалот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.