Нејмар призна: Можев да потпишам за тим кој игра на Светското клупско првенство, но одбив!

June 18, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Нејмар призна: Можев да потпишам за тим кој игра на Светското клупско првенство, но одбив!

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар признал дека бил на чекор до учество на Светското клупско првенство, но на крајот одлучил да не го напушти Сантос поради недостаток на целосна подготвеност. Во разговор за медиумите, Нејмар откри дека Флуминенсе сериозно бил заинтересиран за негов ангажман. „Бев блиску до потпис со Флуминенсе за да играм на Светското клупско првенство, тоа беше реална и сериозна можност“, изјави Нејмар. Сепак, фудбалерот решил да ја стави здравствената состојба на прво место. „Одлучив да не потпишам и да останам во Сантос за да се опоравам целосно од повредата. Не сум уште 100% спремен и сакам новата сезона да ја започнам во најдобра можна форма“, додаде тој. Со ова, се потврдува дека Нејмар останува во Сантос барем засега, фокусирајќи се на враќање во натпреварувачки ритам по долгата пауза.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.