September 23, 2025 | | Свет
Бразилската ѕвезда Нејмар не остана рамнодушен по изборот за „Златната топка“, која годинава заврши во рацете на Осман Дембеле од ПСЖ. Францускиот крилен напаѓач за првпат во кариерата ја доби престижната награда благодарение на извонредната сезона со парискиот клуб. Зад Дембеле во трката се најдоа младата надеж на Барселона Ламин Јамал, соиграчот од ПСЖ Витиња, потоа Мохамед Салах и Рафиња, кој го заокружи топ-5. Нејмар, меѓутоа, беше видливо незадоволен од позицијата на својот сонародник. Со кратка, но јасна порака на социјалните мрежи тој реагираше: „Рафиња на петто место? Тоа е смешно.“ Со оваа изјава Бразилецот уште еднаш ја потврди својата поддршка за колегите од националниот тим, но и ја отвори дебатата околу изборот за најпрестижната индивидуална награда во светскиот фудбал.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |