Нејмар се расплака и потврди: „Се враќам“ (ВИДЕО)

October 21, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Нејмар се расплака и потврди: „Се враќам“ (ВИДЕО)

Нејмар потврди дека наскоро се враќа на терените откако кон средината на октомври минатата година се здоби со тешка повреда на лигаментите и менискусот. За саудискиот клуб досега одигра само пет натпревари, а сега со солзи во очите го најави своето враќање. „Знам дека сте нетрпеливи и јас сум, но 21. октомври се враќам на фудбалот. Тоа што најмногу го сакам во животот е да играм фудбал. Патам секој ден ткако сум далеку од фудбалот. Се враќав по секој повреда и претходно, така ќе биде и сега. Тоа е она што најмногу ме боли. Моето доаѓање во Ал Хилал, раѓањето на мојата ќерка, годината беше одлична, а потоа дојде повредата. Почувствував голема болка и веднаш знаев дека е сериозно. Во животот најважни ми се пријателите, семејството и фудбалот“, рече Нејмар. Нејмар отпатува во Обединетите Арапски Емирати и се очекува денеска да настапи во азиската Лига на шампиони против Ал Аин во натпреварот кој се игра од 18:00 часот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.