December 24, 2024 | | Свет
Во летото 2017 година, Нејмар ја напушти Барселона и потпиша за ПСЖ, што се смета за најголем трансфер во историјата, со платени 222 милиони евра од страна на парискиот клуб. Се зборуваше тогаш дека Нејмар сака да се ослободи од сенката на Лионел Меси, бидејќи беше свесен дека не може да стане првата ѕвезда на клубот во којшто играше аргентинскиот генијалец. Таткото на фудбалерот, во еден подкаст, сега објасни дека причината за заминувањето на Нејмар не била финансиска, туку дека неговиот син ја напуштил Барселона за да избегне да биде тој кој ќе го преземе приматот од Меси. “Одлуката за заминување беше негова, тој сакаше во ПСЖ. Бевме во тешка ситуација во Барселона, не знаевме што мисли раководството на клубот. Се чинеше дека во клубот сакаат тој да ја преземе улогата на Меси, а тој тоа не го сакаше. Реши да замине. Јас сакав да остане до последен ден, но тој сакаше да го напушти клубот за да не ја преземе позицијата на Меси и да стане најголемата ѕвезда на клубот”, изјави Нејмар сениор. Нејмар играше за Барселона од 2013 до 2017 година, постигнувајќи 105 голови и 76 асистенции во 186 натпревари, помагајќи на клубот да освои една Лига на шампиони, две Ла Лиги и осум други трофеи. Се пишуваше и дека Нејмар сметал дека со преминот во ПСЖ ќе има поголеми шанси да освои Златна топка, но со оглед на неговите години и повредите, тоа останува недостижно. Од минатата година, Нејмар е член на Ал Хилал.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |