January 25, 2025 | | Свет
Флорен Малуда, некогашната ѕвезда на лондонски Челзи и француската репрезентација, донесе неочекувана одлука да се приклучи на елитната Легија на странци.
Малуда, роден во Француска Гвајана, сега има 44 години. Тој во својата кариера одигра 706 натпревари и постигна 119 голови, настапувајќи за клубови во Франција, Англија, Турција, Египет, Индија и Луксембург. Иако Француска Гвајана не е призната од ФИФА, Малуда одигра 80 натпревари за француската репрезентација.
Шест сезони беше дел од Челзи, каде освои шест пехари, меѓу кои и шампионскиот трофеј од Премиер лигата во 2010 година, како и Лигата на шампиони во 2012 година. Сепак, во последната година од престојот во Челзи, имаше конфликт со раководството на клубот, поради што беше приморан да игра дури и за младинскиот тим.
По завршувањето на фудбалската кариера, Малуда се приклучи на третиот пешадиски вод. Француската влада ја опишува оваа програма како можност за цивили, често признати во своите области, доброволно да придонесат за промоција на вредностите и мисиите на воената институција, без да бидат дел од воениот персонал.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |