Некогашниот најголем талент на Манчестер Јунајтед заврши во третата лига во ОАЕ

October 1, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Некогашниот најголем талент на Манчестер Јунајтед заврши во третата лига во ОАЕ

Рафаел Морисон важеше за најголем талент во академијата на Манчестер Јунајтед, но тој не успеа да го исполни својот потенцијал. Тој сега потпиша за Прешисион кој настапува во третата лига од Обединетите Арапски Емирати. Фергусон за него рече дека е најголемиот талент кој некогаш го видел во јуниорските денови, а пред неколку години и Рио Фердинанд го фалеше. „Никогаш немав видено таков талент кај едно дете од 14 или 15 години. Беше поинаков, посебен. Дури и денес кога порасна, погледнете ги снимките видете што прави. Ми испраќаше некои снимки од тренингот на Шефилд каде што буквално ги мачеше одбранбените играчи“, изјави Фергусон. Во својата кариера тој има настапувано за огромни клубови како Вест Хем, Бирмингем, КПР, Кардиф и Лацио, но не успеа да остави трага.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.