Неколку тимови се „луди“ да го донесат Дани Олмо!

July 11, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Неколку тимови се „луди“ да го донесат Дани Олмо!

Дани Олмо ќе биде „жешката тема“ на летниот преоден рок, а интерес за него пројави Манчестер Сити, а сето тоа го следи Динамо Загреб, кој ќе инкасира милиони од идниот трансфер на Шпанецот. Олмо игра одлично на Европското првенство каде моментално е најефикасниот играч на турнирот со три гола и две асистенции, а со репрезентацијата на Шпанија стигна до финалето ќе игра против Англија. Неговите настапи ги забележаа и скаутите на најголемите клубови, вклучувајќи ги и оние од Манчестер Сити, пренесува шпански „AS“. Неговата моментална пазарна вредност е 60 милиони евра, но извесно е дека неговата цена дополнително ќе се зголеми по првенстцото, па клубовите ќе се обидат да го доведат за споменатата сума до 20 јули, кога трае рокот на моменталната вредност на играчот. Инаку, РБ Лајпциг му излезе во пресрет на Олмо и му ја продолжи клаузулата од 60 милиони евра за пет дена поради настапот во финалето на Европското првенство. Тој има договор со Лајпциг до 2027 година. Во април оваа година се споменуваше дека Олмо на лето би можел да потпише за Барселона, клубот во кој порасна и од кој како 16-годишник пристигна на Максимир, но познато е дека каталонскиот гигант не е во најдобра финансиска состојба, но и во моментов очигледно имаат други интереси. Интерес наводно засега покажуваат Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Челзи и Арсенал. Целиот расплет на идниот трансфер на Олмо го следи и Динамо Загреб, кој исто така ќе заработи од продажбата. Ако некој го купи Олмо за сегашните 60 милиони евра, Динамо ќе заработи околу шест милиони евра. Сепак, доколку Шпанецот не биде продаден пред 20 јули, бројката во касата на Динамо може да биде многу поголема.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.