Нема крај на малерите: Јунајтед оствари победа, ама Рашфорд и Антони се повредија! (ВИДЕО)

August 1, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Нема крај на малерите: Јунајтед оствари победа, ама Рашфорд и Антони се повредија! (ВИДЕО)

Манчестер Јунатед успеа да го победи Реал Бетис со резултат 3:2, а ова беше уште еден лош натпревар за Тен Хаг кога станува збор за повредите бидејќи се повредија Рашфорд и Антони. Претходно се повредија Лени Јоро кој ќе паузира три месеци и Расмус Хојлунд шест недели. Рашфорд го напушти теренот по 20 минути игра во второто полувреме, а Антони помина кратко време на теренот пред да биде заменет. Лошата вест е што и двајцата почувствуваа болки во задната ложа која може да биде тешка повреда и за нив се очекуваат подетални информации кои можеби би пристигнале и денес. Во однос на натпреварот, Бетис поведе во 15. минута со гол на Лосада, но три минути подоцна Рашфорд изедначи со погодок од пенал. Диало во 24. минута постигна убав гол за водство на Јунајтед од 2-1, а во 31. реализираше Касемиро по асистенција на Рашфорд за 3:1. Вториот гол кој беше и последен на натпреварот го постигна Диего Љоренте во 61. минута за конечни 3:2.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.