September 27, 2024 | | Свет
Тимот на Бодо/Глимт оствари историска победа во првото коло од Лигата на Европа совладувајќи го Порто со 3:2 на домашен терен. Со овој натпревар се поврзува и еден интересен момент. Имено, тие биле сведоци на едно од најкратките возења со автобус како тим до самиот стадион. Според правилата на УЕФА, тимовите на европските натпреварувања мораат заедно да пристигнат до стадионот каде сите ќе бидат во клупскиот автобус. Тие тргнале во 17:05 и после само минута-две тие веќе биле на стадионот, а автобусот поминал само 220 метри, но правила се правила. „Во ред е. Кажано ни е дека мораме така и не се трудиме да го промениме тоа. Го паркирам автомобилот до автобусот, па влегувам во него и подготвен сум за мечот, но малку е смешно“, рече фудбалерот Хауге.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |