Немаше среќа: Миовски промаши пенал во ЛШ! (ВИДЕО)

October 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Немаше среќа: Миовски промаши пенал во ЛШ! (ВИДЕО)

Жирона загуби на домашен терен против Феенорд со резултат од 3:2, а еден од трагичарите за жал е нашиот репрезентативец Бојан Миовски кој промаши пенал. Жирона поведе во 19. минута преку Давид Лопез, а во 23. минута гостите се вратија со автоголот на Херара. Десет минути подоцна Феенорд го сврте резултатот преку Миламбо, а три минути подоцна Уеда промаши пенал. Жирона потоа тргна во офанзива, а во 67. Каталонците пропуштија голема шанса каде Миовски промаши пенал. Миовски беше заменет во 75. минута, а на негово место во игра влезе Кристијан Стуани. Голот за израмнувањето на 2-2 го постигна Ван де Бек во 73. минута, а после само шест минути падна уште еден автогол на Жирона преку Крејчи, а тоа беше и конечниот резултат.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.