Необичен инцидент: Играч на Катар го нокаутираше сопствениот селектор! (ВИДЕО)

October 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Необичен инцидент: Играч на Катар го нокаутираше сопствениот селектор! (ВИДЕО)

На пријателскиот натпревар меѓу Катар и Обединетите Арапски Емирати се случи несекојдневна сцена — селекторот на Катар, Хулен Лопетеги, беше нокаутиран од свој играч! Во еден момент од мечот, Асим Бадибо се обиде да упати силен шут кон голот на противникот, но топката со огромна сила го погоди Лопетеги директно во глава. Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Севиља и селектор на Шпанија, веднаш падна на тревникот како покосен, што предизвика паника и загриженост кај сите присутни. Медицинскиот тим на Катар веднаш реагираше и му укажа помош, а по неколку минути Лопетеги се освести и успеа да се врати на нозете, иако видливо потресен и со главоболка. Среќна околност е што инцидентот заврши без посериозни последици, па Лопетеги продолжи да го води натпреварот од клупата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.