Неочекуван кикс на Наполи, предноста е само еден бод пред Интер! (ВИДЕО)

May 11, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Неочекуван кикс на Наполи, предноста е само еден бод пред Интер! (ВИДЕО)

Наполи пропушти златна можност повторно да се одлепи од Интер на врвот на Серија А, откако во 36. коло одигра само 2-2 против Џенова на „Диего Армандо Марадона“. Избраниците на Антонио Конте имаа водство до финишот, но несигурната одбрана и неефикасноста ги оставија без планираните три бода. Натпреварот започна ветувачки за домаќините – Ромелу Лукаку во 17. минута погоди по одлична акција и асистенција на Скот Мектоминеј, кој одигра блескав натпревар. Сепак, Џенова израмни во 32. минута по еден несреќен автогол на голманот Алекс Мерет, кој неуспешно интервенираше по центаршут. Во второто полувреме, Наполи силно тргна напред. Џакомо Распадори донесе ново водство во 64. минута, повторно по асистенција од Мектоминеј. Се чинеше дека лидерот ја контролира ситуацијата, но повторно индивидуална грешка во одбраната резултираше со казна – во 84. минута Васкез ја искористи неорганизираноста и израмни на 2-2. Овој кикс значи дека Интер сега е на само еден бод зад Наполи, а во следното коло ситуацијата би можела драстично да се смени – Наполи гостува кај опасниот Парма, а Интер го игра дербито со Лацио.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.