February 22, 2025 | | Свет
Во рамките на 26. коло од Премиер лигата, Вест Хем приреди изненадување и извојува победа од 0-1 против Арсенал во лондонското дерби. Иако тимот на Микел Артета имаше поголем посед и иницијатива, недостатокот на прецизност во завршницата беше клучен фактор за поразот. Одлучувачкиот момент се случи кон крајот на првото полувреме, кога Џаред Боувен ја затресе мрежата на домаќините. Ситуацијата за Арсенал дополнително се искомплицира во 73. минута, кога Луис Скели заработи црвен картон. Овој резултат оди во прилог на Ливерпул, кој сега има значителна предност од осум бодови по 26 одиграни натпревари и влегува во завршницата на сезоната во одлична позиција. На останатите средби Брајтон славеше убедливо над веќе отпишаниот Саутемптон со 0-4, Тотнем со 1-4 славеше над Ипсвич, Вулвс запиша минимална победа од 0-1 над Бормут, а со 0-2 Кристал Палас го победи Фулам на гостински терен.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |