Неочекуван расплет: Мохамед Салах е многу блиску до нов договор со Ливерпул

March 28, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Неочекуван расплет: Мохамед Салах е многу блиску до нов договор со Ливерпул

Мохамед Салах, големата ѕвезда на Ливерпул, е на чекор од продолжување на својот престој на „Енфилд“, откако преговорите за нов договор значително забрзаа во последните денови. Според египетското издание „Масрави“, двете страни се поблиску до конечен договор отколку кога било досега. Клучниот момент во разговорите бил значително подобрената понуда од страна на Ливерпул, која дошла откако клубот ослободил финансиски средства со заминувањето на Трент Александер-Арнолд. Првично, раководството имало намера да ги распределува овие средства за договорите на Салах, Ван Дајк и Александер-Арнолд, но со напуштањето на англискиот дефанзивец, се создал простор за посериозна понуда кон египетскиот напаѓач. Дополнителен фактор што оди во прилог на Салах е неговата феноменална форма оваа сезона. Со 32 гола и 22 асистенции на 43 натпревари, Египќанецот уште еднаш докажа дека е незаменлив во офанзивниот дел на тимот. Ливерпул ја прави последната офанзива за да го задржи својот голгетер, а навивачите со нетрпение чекаат официјална потврда на договорот што би значел продолжување на една златна ера на „Енфилд“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.