Непријатен разговор меѓу Енрике и Мбапе: Играч си од светска класа, но не е доволно! (ВИДЕО)

October 3, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Непријатен разговор меѓу Енрике и Мбапе: Играч си од светска класа, но не е доволно! (ВИДЕО)

Во документарецот „Немате идеја“ е прикажана првата сезона на Луис Енрике како тренер на ПСЖ. Во една од епизодите е прикажан неверојатниот разговор кој го имале тренерот и Килијан Мбапе. Енрике се обидува да го „разбуди“ Мбапе и да му објасни што всушност бара од него. Тој се обидува да го мотивира и го споредува со Мајкл Џордан. „Слушам дека ти се допаѓа Мајкл Џордан, епа Мајкл Џордан играше дефанзива како ку*вин син! Мораш да бидеш пример, прво како личност а потоа како играч, треба да вршиш притисок. Зошто да го правиш ова? За да бидеш лидер. Ти се феноменален, играч од сетска класа, нема сомнеж за ова. Но ова не е доволно за мене. Вистински лидер е оној кој може да помогне и кога не постигнува гол. Ако поставиш пример за другите со тоа што ќе вршиш притисок, знаеш што ќе имаме? Ќе имаме еб*на тимска машинерија! Немам што да ти замерам во напад, но ќе станеш најдобриот играч во светот ако играш дефанзива. Тоа го прави вистинскиот лидер, тоа е Мајкл Џордан. Дали ти е јасно?“, му рече Енрике на Мбапе. Потоа, Енрике го намалува тонот па го нарече „феномен, светска класа“. Французинот потоа го прифаќа советот и заминува.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.