Нервозниот Ѓулер го туркаше Јамал, Турчинот тешко го прифати големиот пораз! (ВИДЕО)

September 8, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Нервозниот Ѓулер го туркаше Јамал, Турчинот тешко го прифати големиот пораз! (ВИДЕО)

Арда Ѓулер и Ламин Јамал вчера имаа директен дуел на репрезентативно ниво, во натпревар што донесе нова фрустрација за Турчинот. Шпанија со убедливи 6-0 ја декласираше Турција во Коња, а Јамал иако не се запиша во листата на стрелци, повторно блесна со две асистенции и доминантна игра. На спротивната страна, Ѓулер покажа нервоза – во 69. минута, при обид да изведе слободен удар, Јамал го спречи, по што Турчинот го оттурна и го навреди. Судијата веднаш реагираше со опомена, а младиот фудбалер на Барселона одговори со иронична насмевка. Фрустрацијата на Ѓулер не е изненадување – во изминатата сезона со Реал Мадрид доживеа четири порази од Барселона, а сега повторно беше на спротивната страна од доминацијата на Јамал, кој со Шпанија буквално ја уништи Турција пред домашната публика.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.