July 17, 2025 | | Свет
Пријателскиот натпревар меѓу хрватскиот Осијек и украинскиот Динамо Киев доби неочекуван епилог, откако главниот судија Јулијан Вајнбергер од Австрија реши да го прекине мечот во самиот финиш и заедно со своите помошници да го напушти теренот. Инцидентот се случи во 85. минута од натпреварот, кога Осијек водеше со 1-0. Според информациите, австрискиот судија бил револтиран од агресивното однесување на фудбалерите на Динамо Киев, кои од првата минута настапувале со преголема жестина и недолични реакции, иако станувало збор за пријателски натпревар. Клучниот момент бил еден прекршок кој ги запалил страстите на теренот, по што Вајнбергер ја донел необичната, но категорична одлука – да го прекине натпреварот и да се повлече, оставајќи го мечот без официјални лица. Инцидентот предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а се очекува и официјален коментар од клубовите и организаторите. Ситуацијата погледнете ја ТУКА.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |